Саректјоко
Изглед
| Саректјоко Sarektjåkkå | |
|---|---|
Поглед на Саректјоко со врвовите Стуропен (лево) и Сидтопен (во средина) | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 2.089 м [1] |
| Истакнатост | 1.519 м |
| Заведена како | ултра |
| Координати | 67°25′59.93″N 17°43′23.89″E / 67.4333139°N 17.7233028°E |
| Географија | |
| Место | Шведска |
| Матичен венец | Скандинавски Планини |
Саректјоко (швед. Sarektjåkkå) е планина во Лапонија, Шведска. Со 2.089 метри надморска височина, ова е највисоката планина во Лапонија и втора по висина во Шведска. Планината се наоѓа недалеку од источната граница на националниот парк Сарек, околу 23 километри југозападно од Суорва.
Саректјоко е мошне непристапна планина бидејќи до неа не водат патишта, па затоа само за да се дојде до неа треба барем еден ден планинарење. До врвот се стигнува и без качување, но патот е изложен на временските услови.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Статистички годишник за 2011“ (PDF). Централна статистичка служба. стр. 10. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-01-13. Посетено на 10 јули 2011. (шведски)