Прејди на содржината

Првородство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Европски монархии според видот на престолонаследување
  апсолутно првородство
  когнатичко, се планира премин кон апсолутно
  агнатичко-когнатичко
  агнатичко првородство

Првородство — принцип на наследување на имотот и титулите од таткото на најстариот син, роден во законски брак. При овој принцип, помладите синови, ќерките и другите роднини се исклучени од директното наследување.[1][2]

При отсуство на законски синови, наследството можело да премине на ќерките или на браќата на покојниот (по редослед на старешинство), во зависност од варијантата на законите или обичаите. Принципот на првородство имал особено важно место во прашањата за престолонаследувањето во оние монархии каде тоа се применувало.

Варијанти на престолонаследување

[уреди | уреди извор]

Се разликуваат следниве видови првородство:

  • Агнатичко првородство или патрилинеарно првородство, најпознато како салиски закон. Жените целосно се исклучуваат од линијата на престолонаследување.
  • Агнатичко-когнатичко првородство, познато и како австриски закон. Жените не се исклучуваат од линијата на престолонаследување, но мажите имаат предимство.
  • Когнатичко првородство, познато и како кастилски закон. Жените не се исклучуваат од линијата на престолонаследување, меѓутоа, под други еднакви услови, мажите имаат предимство.
  • Апсолутно првородство. Жените и мажите имаат еднакви права на наследување.
  • Матрилинеарно првородство или утробно првородство. Мажите целосно се исклучуваат од линијата на престолонаследување. Овој закон е непознат во Европа.
  1. Bagge, Sverre (2019). „The Decline of Regicide and the Rise of European Monarchy from the Carolingians to the Early Modern Period“. Frühmittelalterliche Studien (германски). 53 (1): 151–189. doi:10.1515/fmst-2019-005. ISSN 1613-0812. S2CID 203606658.
  2. Chen, Zhiwu; Lin, Zhan (2026), Chen, Zhiwu; Campbell, Cameron; Ma, Debin (уред.), „A Quantitative History of Regicide in China“, Quantitative History of China: State Capacity, Institutions and Development (англиски), Springer, стр. 65–108, doi:10.1007/978-981-96-8272-0_4, ISBN 978-981-96-8272-0

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]